Ливерпул ќе понуди 100 милиони евра за Федерико Валверде
Ливерпул е подготвен да му понуди вистинско богатство на Реал Мадрид за услугите на Федерико Валверде. Англискиот гигант беше исклучително активен на трансферниот пазар во летниот преоден рок, а информациите од Островот откриваат дека на „Енфилд“ веќе се подготвуваат за следното лето, кога повторно би можеле да потрошат огромна сума за засилувања.

