Утре без вода дел од Општина Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека утре, (01.09.2026 година, вторник ) поради дефект на водоводна цевка од ф – 200 мм на ул. Васил Ѓоргов б.б – спроти Завод за Вработување, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Васил Ѓоргов и Франклин Рузвелт. ( општина Карпош )




