Поканата за членство во НАТО – главна тема во дневниот печат
Поканата за членство што Македонија ја доби на Самитот на НАТО во Брисел е главна тема во сите македонски медиуми. НАТО, НАТО, НАТО... И некој што сака и некој што не сака да го слушне ова име - ќе го прочита. Во електронските изданија на печатените медиуми доминира веста од Брисел дека Република Македонија доби официјалната покана да ја почне процедурата