Трамп објави трговски договор со Индија со кој таа ќе престане да купува руска нафта
Доналд Трамп кажа дека постигнал трговски договор со Индија, според кој американските царини за индиски стоки ќе бидат намалени од 50% на 18%, а Индија ќе престане да купува руска нафта. Трамп го објави договорот по телефонски разговор со индискиот премиер Нарендра Моди, истакнувајќи дека Индија отсега ќе купува нафта од САД и можеби од Венецуела.









