Шест македонски државјани од Израел ќе бидат евакуирани со владиниот авион – итна набавка на чартер летови
632 македонски граѓани од Блискиот Исток чекаат да бидат евакуирана од македонските власти. 6 од нив во земјава ќе бидат транспортирани со владиниот авион, останатите ќе летаат со чартер- летови - откако ќе заврши владината постапка за јавната набавка за организација на овој транспорт. За реализација на услугата државата ќе одвои 60 милиони денари








