На функционерите на Влен не им бил забранет влез, се вратиле сите поради сопатникот, тврди албанската полиција
Албанските власти ги демантираат тврдењата дека вчера им бил забранет влез во Албанија на пратениците Беким Ќоку и Аднан Азизи од коалицијата Влен, како и на заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани. Според генералниот директор на албанската државна полиција, Скендер Хита, граничната полиција постапила согласно законските процедури










