Сакам плата 25000 денари…
Отишол Трпе на некоја фарма да бара работа и им рекол: – Сакам плата 25000 денари. Директорот: – Ама тука сите земаат околу 15-16000. – Јас сум посебен, го разбирам јазикот на животните. Отишле кај свињите, и директорот прашал што зборат: – Еве оваа вика дека родила 5 прасиња, а вие и шефот на смена сте пријавиле 3 и по едно сте си земале за дома.