Филипче: Тотална шизофренија – мала група пучисти со сите сателити на Мицкоски на една маса
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека група поранешни партиски функционери, заедно со претставници на други политички партии, работат на ослабување на СДСМ, како што тврди, по налог на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. „Сите сателити на Христијан Мицкоски седнати на едно место. Тотална шизофренија“,









