Египќаните го отворија шампионатот со лесна победа над Чиле
Египетската ракометна репрезентација имаше чест да го отвори 17. Светско првенство во ракомет, во лесна 35:29 победа над Чиле во натпреварите во групата Г, каде што утре Македонија ја пречекува Шведска во тешко отварање на турнирот. Египет направи предност од седум гола уште во првото полувреме (18:11), по што рутински ја оствари првата победа на шампионатот