Гужвата се прелеа пред другите банки во Битола, клиентите на „Алта банка“ отвораат трансакциски сметки на други места
Денес нема редици пред „Алта банка“ во Битола, но гужвите се префрлија пред филијалите на другите банки. Граѓаните, особено пензионерите, нагрнаа да отвораат нови трансакциски сметки за да ги префрлат платите и пензиите. Пред повеќето експозитури чекаат десетици луѓе, а гужвите дополнително се зголемија бидејќи во овој период се исплаќаат пензиите








