Дора Калмус - жената што фотографираше за легендарните дизајнери и уметници
Дора Калмус или како што самата се нарекуваше Мадам Д'Ора ја имаше ретката привилегија да ги фотографира големите уметници, луѓето од елитата и да биде главен фотограф на модните дизајнери. Таа успеа со својот објектив да го долови животот во два големи града Париз и Виена, местата каде се случуваа најголемите настани во светот на модата и уметноста