Пицула: Процесот на проширување на ЕУ не смее да забави
Европската Унија не смее да ја запира својата политика на проширување, дури ни поради неизвесноста околу точните датуми на прием на нови членки, истакна Тонино Пицула, известувачот на Европскиот парламент за Србија. Според него, датумите треба да бидат последица на напредокот што земјите-кандидатки го постигнуваат, а не да се наметнуваат однадвор.



