Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила
На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од утре стартува санкционирањето преку проектот „Безбеден град“. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во првата фаза системот ќе детектира четири типични сообраќајни прекршоци - непрописно паркирање, управување со брзина поголема од пропишаната, минување на црвено светло










