Безживотно тело пронајдено на Бит Пазар
На 05.05.2025 во 10.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ на подрачјето на Бит Пазар во Скопје починало едно машко лице, кое немало лични документи за идентификација, информира МВР. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.