Трет пораз без постигнат гол: Македонија загуби со 0:2 од Шкотска во Скопје – ВИДЕО
Македонската фудбалска репрезентација загуби со 0:2 од Шкотска на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, во третото коло од групата Б1 во Лигата на нации. Ова е трет пораз во исто толку натпревари за Македонија, која сè уште нема постигнато гол во групата. Гостите поведоа уште во седмата минута. Киерон Боуви прими топка пред македонскиот шеснаесетник,


