Повеќе лица агресивно се однесувале кон медицински персонал во болницата во Струга
Вчера во 00.57 часот во ОВР Струга е пријавено дека во Општата болница во Струга, повеќе лица агресивно се однесувале кон медицинскиот персонал. Увид на местото увид извршија полициски екипи и дежурен јавен обвинител. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.