Силна експлозија ја разбуди Битола – фрлена експлозивна направа на улицата Охридска
Битолчани ноќеска беа разбудени од силна експлозија околу 2 часот по полноќ, откако на улицата Охридска беше фрлена експлозивна направа од засега непознат сторител. Од СВР Битола потврдуваат дека инцидентот се случил околу 2:05 часот и предизвикал значителна материјална штета. Според првичните информации, оштетени се повеќе паркирани возила, меѓу кои