Скопска општина нуди бесплатни агрохемиски анализи за почвата на локалните земјоделци
Општина Илинден годинава повторно им нуди значајна поддршка на локалните земјоделци преку обезбедување бесплатни агрохемиски анализи на почвата. Во соработка со Факултет за земјоделски науки и храна, општината објави Јавен повик за сите заинтересирани производители кои сакаат да добијат прецизни информации за состојбата на нивното обработливо земјиште









