Овој дел од Скопје утре без вода
Од скопски Водовод информираат дека утре (среда) поради изведување на водоводен приклучок ф-80мм на ул.Ѓорѓи Абаџиев бр.17, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето, како што соопштија од ЈО Водовод и канализација, ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.






