Лазаров: Задоволен сум, сега се фокусираме на дуелот со Грција
Македонската ракометна репрезентација со убедлива победа ги започна квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Избраниците на Кирил Лазаров го совладаа Луксембург со 41-23 во Скопје и на најдобар начин ја завршија првата задача во групата. Нашите ракометари целосно ја оправдаа фаворитската улога, а селекторот Лазаров доби можност да ја








