АВМУ: Изворниот сигнал на „арените“ не се емитува во Македонија, затоа се третираат како странски програмски сервиси
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги отфрла како неточни и неосновани наводите на ММА и МРТ за погрешно третирање на програмските сервиси Arena M1, Arena M2 и Arena M3 Premium како странски програмски сервиси кои се реемитуваат во Република Северна Македонија, соопштија попладнево од регулаторното тело. Оттаму велат дека Агенцијата










