Трамп најави дека ќе преземе чекори за отстранување на странците „што не припаѓаат тука“, oткако Авганистанец пукаше во двајца гардисти
Службата за државјанство и имиграција на САД соопшти дека е суспендирана обработката на сите барања од авганистански имигранти во исчекување на прегледот на „протоколите за безбедност и проверка“. Двајцата ранети гардисти се во критична состојба, а напаѓачот, именуван како Рахманула Лаканвал, „криминалец од Авганистан“, кој е ранет и е во болница,









