AРМ ќе прими нови 300 професионални војници, плата – 30.552 денари и висина над 160 цм
300 нови професионални војници ќе се примаат во македонската Армија, откако денеска беше објавен новиот Јавен оглас. Од Армијата ги повикуваат сите млади граѓани кои сакаат предизвик, дисциплина и чувство на припадност, да ја искористат можноста и да станат дел од Армијата. Како што се наведува во огласот, Армијата нуди стабилна и сигурна кариера,









