„Три Марии“ e „Роман на годината“ за 2025 година; Лауреатката Оливера Ќорвезироска им порача на младите писатели да читаат
– Сакам да им се заблагодарам и на сите претходници во македонската книжевност со кои искрено се занимавам со децении наназад. Претходници кои сакам да ги ревалоризираме, да останат незаборавени и да останат трајно впишани во нашата национална книжевност. Сакав нивните зборови да се тркалаат како џамлии во нашите реченици од другите генерации. Сакав








