Населбата Градинар ќе добие повеќенаменско игралиште
Во населбата Градинар во општина Кисела Вода се гради мултифункционално игралиште на површина од над 1100 метри квадратни. На игралиштето ќе има детско катче опремено со нови реквизити, фудбалско игралиште, кошаркарско, простор за возрасните и урбана опрема која дополнително ќе го разубави просторот.