3.999 евра и само 30 денари за 100 километри – ново мини возило на пазарот во Македонија
На македонскиот пазар наскоро пристигнува мини електричен автомобил со две седишта, најавен како градско решение по исклучително прифатлива цена. Возилото е мало, електрично и насочено кон секојдневно движење низ градските улици, каде што трошоците и практичноста се пресудни.



