Оле донеси чаша вода од чешма, рече Ѓорѓиевски и ја испи за да покаже дека нема бактерии
Организиран напад еднаков на терористички чин е ширењето хистерија дека во скопската вода има бактерија Ешерихија коли, рече денес градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски и ја обвини опозицијата за паниката кај скопјани. На вонредна прес-конференција градоначалникот Ѓорѓиевски кажа дека скопската вода е чиста за пиење и е една од петте најдобри
„ОЛЕ, ДОНЕСИ ЧАША ВОДА“: Ѓорѓиевски пиеше вода од чешма пред камерите за да докаже дека нема бактерии!
Ширењето лажни вести за наводно присуство на бактеријата Ешерихија коли во скопската вода предизвика бурна реакција кај надлежните. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, остро ги демантираше овие гласини, нарекувајќи ги „организиран напад рамен на тероризам“ и директно ја обвини опозицијата за создавање непотребна паника. За да ги увери граѓаните
Ѓорѓиевски: Се чисти депонијата во Радуша!
Екипи на Град Скопје од вчера започнаа голема акција на чистење на депонијата во Радуша, локација околу која изминативе денови се создаде непотребна паника и се пласираа тврдења дека наводно е загрозена водата од изворот Рашче. Депонијата се наоѓа на неколку десетици километри од заштитената зона на изворот Рашче и не претставува основа за тврдењата
АХВ и „Водовод“ тврдат дека водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење
МВР повикува граѓани на распит по објавите дека водата во Скопје е небезбедна
Министерството за внатрешни работи повикува на информативен разговор лица кои на социјалните мрежи објавувале или споделувале тврдења дека водата во Скопје не е безбедна за пиење поради наводно присуство на бактеријата ешерихија коли. Секторот за компјутерски криминал веќе ги утврдува профилите од кои биле објавувани ваквите информации. „Се утврдуваат
МВР продолжува да повикува лица на информативен разговор во врска со објавите за водата во Скопје
Министерството за внатрешни работи продолжува да повикува на информативен разговор лица од чии профили вчера се повикуваше да не се пие водата во Скопје поради присуство на бактерија, што попладнето беше демантирано од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ЈП „Водовод и канализација“ и Министерството за здравство. – Секторот за компјутерски криминал
Кој ја пушти информацијата за „загадената“ скопска вода? Полицијата повика повеќе лица на разговор
Повеќе лица вчера попладнето биле повикани на информативен разговор во полициска станица поради објави на социјалните мрежи во кои се тврди дека водата во Скопје не е безбедна за пиење и дека во неа е пронајдена бактеријата ешерихија коли. Според информациите, меѓу повиканите се и две жени кои ги споделувале ваквите информации на социјалните мрежи










