Демонстранти во Албанија урнаа ограда околу локацијата за проектот на Џаред Кушнер
Околу 200 демонстранти во Албанија урнале метални огради и дел од поставените препреки околу локација на јадранскиот брег, каде е планирана изградба на луксузен туристички комплекс. Протестот се одржал во близина на селото Рјола, во северозападна Албанија. Локалните жители тврдат дека проектот се планира на земјиште кое, според нив, им било одземено










