Тромбоза: кога се зголемува ризикот и кои фактори најмногу влијаат, според хематолог
Тромбозата ретко се појавува „одеднаш“. Во најголем број случаи, таа е резултат на тивок процес што се развива со месеци или години – под влијание на различни фактори кои често ги занемаруваме. Според хематолозите, клучно е да се разбере дека создавањето на тромб не е секогаш болест, туку природен механизам на телото. Но, кога овој процес се активира

