Капитенот на ТФТ: Тешко ни е, последната плата ја земав пред две години
ТФТ за првпат во историјата како најдобро пласирана екипа влегува на завршниот турнир од Купот на Македонија, каде во четвртфинале ќе се сретне со Феникс. Составот од скопската населба Тафталиџе има само еден пораз досега во Супер лигата и веќе обезбедено место во плејофот во АБА2, но и покрај тоа капитенот Едис Нури се пожали на денешната прес-конференција




