ФОРБС: РУСКИТЕ МИЛИЈАРДЕРИ ЛАНИ СТАНАЛЕ ПОБОГАТИ ЗА 72 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ, а најбогат е – некогашниот прв човек на Лукоил
Вагит Алекперов, поранешниот претседател на нафтената компанија Лукоил, според магазинот Форбс е најбогатиот човек во Русија. Богатството на Алекперов пораснало од 20,5 милијарди долари на 28,6 милијарди долари во 2023 година и тој првото место на листата го презеде од сега веќе седморангираниот Андреј Мелниченко, кој се збогатил со ѓубрива и чија