Еурофарм Пелистер 2 експресно се врати во ракометната Суперлига
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер Екипата на Еурофарм Пелистер 2 експресно се врати во ракометната Суперлига, откако битолскиот тим стана шампион во Првата ракометна лига и го подигна шампионскиот пехар. Низ доминантна сезона и на убедлив начин Еурофарм Пелистер 2 тоа што го најави го оствари – тимот од следната сезона одново ќе биде дел од ракометната елита
РК Пелистер 2 се врати во ракометната елита!
И официјално. Ракометарите на Пелистер 2, од следната сезона повторно ќе играат во нашата машка ракометна Суперлига. Имено денеска младите битолчани славеа против РК Драчево, во меч од Првата лига, со 46:25 и со тоа и дефинитивно ставија печат на пласманот во елитата. Ја потврдија титулата во Првата лига. Значи во следната сезона Битола одново ќе има