Што треба да имаме на ум ние, Македонците или подобро – што не знаеме од својата историја за да се разбереме себеси денес?
1. Често ја повторуваме реченицата „Македонија е поделена на три дела“, како некоја меморабилна формула, речиси автоматизирана флоскула. Но што навистина значи тоа? Што значи за едно население – етнички, јазично и културно хомогено – да биде пресечено со геополитичка линија на карта и, потоа, со договори потпишани без негова волја, да биде протерано,

