Драматична ноќ на Брач: Пожарот беснееше до зори, 200 луѓе евакуирани во прифатни центри
Како изгледала ноќта на хрватскиот остров Брач додека голем пожар се ширел низ делови од островот најдобро покажува снимката објавена од „Ватрогасци 193“. На временската снимка, направена од 22 часот до утрото, се гледа како огромни пламенски јазици во текот на ноќта се шират над островот, додека пожарникарите се бореле огнот да не стигне до куќите










