НЕ ПРЕТЕРУВАЈТЕ СО СОЛТА Вообичаениот зачин може да го зголеми ризикот од рак на желудник за 40 отсто
Истражувачите од Центарот за јавно здравје на Универзитетот во Виена откриле дека луѓето кои додаваат сол во повеќето оброци имаат 41 отсто поголеми шанси да развијат рак на желудникот отколку оние кои го користат тој зачин штедливо. Претходните студии во Кина, Јапонија и Кореја ја поврзаа солената исхрана со ракот на желудникот – но ова е една од