Собранието ги усвои измените на Законот за органодарителство: Нов пристап, граѓаните одлучуваат сами со изјава кај матичиот лекар
Секој полнолетен граѓанин ќе може лично да се изјасни дали по смртта сака да биде дарител на органи – преку изјава кај својот матичен лекар. Со ова решение, Собранието со 58 гласа „за“ и 6 „против“, ги усвои измените на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, со што се менува пристапот кон органодарителството и трансплантацијата








