Шок за ФИФА: Без ТВ преноси од Мундијалот за Кина и Индија?!
Шок за ФИФА: Без ТВ преноси од Мундијалот за Кина и Индија?!
ФОТО: FIFA World Cup/FB И тоа каков шок за ФИФА. Имено Светското првенство, кое се игра ова лето во САД, Канада и Мексико, очигледно нема да се емитува низ ТВ преноси во двете најнаселени земји во светот. Поради застојот во преговорите за ТВ права во Индија, речиси е сигурно дека населението таму нема да може да ги гледа натпреварите од првенството
Во двете најголеми земји на светот ќе нема преноси од фудбалското СП
Додека еуфоријата расте пред Светското првенство, кое започнува на 11 јуни, во ФИФА се соочуваат со неочекуван проблем. И покрај договорите за телевизиски преноси во 175 земји, двете најнаселени земји во светот, кои сочинуваат приближно 36 проценти од светското население, Кина и Индија, сè уште немаат медиумско покривање на настанот. Преговорите во



