РФМ ќе „копа“ таленти низ цела Македонија, карванот стартува од Охрид!
Ракометната федерација на Македонија викендов ќе го стартува организирањето на „ракометен карван“, кој во текот на сезоната треба да мине низ повеќе градови на државата. Првата дестинација е Охрид, а потоа во октомври е договорено карванот да „мине“ и низ Битола. Нашата цел е да поминеме низ сите поголеми градови низ Македонија и да видиме какви се