Смртоносен пад на градилиште во Дебар, почина работник
Трагичен несреќен случај се случи денеска претпладне во Дебар, каде што 40-годишен жител на градот го загуби животот откако паднал од станбена зграда во изградба, на која извршувал работни задачи. Според информациите, мажот се здобил со тешки телесни повреди и починал за време на транспортот кон Општата болница со проширена дејност во Дебар. Од Секторот








