Работнички реди победи денеска падна и Силекс, Тиквеш ја демолира Брера
Работнички стигна до петата победа во последните шест кола во Прва фудбалска лига на Македонија, откако попладнево на арената „Тодор Проески“ без многу проблеми со 2:0 го победи Силекс. Ова беше меч од 24 коло, а сите дилеми околу победникот беа решени уште во првото полувреме. Иако Силекс во Скопје допатува како четвртопласиран на табелата со 40 бодови,










