Без вода попладнево две скопски улици
ЈП Водовод и канализација известува дека денеска (27.01.2026) поради уличен дефект на улица Христијан Тодоровски Карпош 38, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците Христијан Тодоровски Карпош и Рокомија. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 13:30 часот до завршување со санација на дефектот.




