Рома доминираше, Милан освои бод во Рим
Фудбалерите на Рома и Милан, во Рим одиграа нерешено 1:1 во натпреварот од 22-то коло од италијанската Серија А. Милан водеше од 62-та минута со гол на Кони де Винтер, по асистенција од Лука Модриќ. Лоренцо Пелегрини го израмни резултатот од пенал во 74-та минута. Претходно, фудбалерот на Милан, Давиде Бартезаги, играше со рака во сопствениот шеснаесетник








