Галичник денес во ритамот на „Тешкото“: Александар и Мартина ја крунисуваат љубовта со вековните галички обичаи
Звукот на зурлите и тапаните повторно одекнува низ камените улици на Галичник. На Петровден, селото во срцето на Мијачијата денес живее во знакот на „Галичка свадба 2026“ – една од најавтентичните и најпрепознатливи македонски културни манифестации. Во центарот на вниманието се годинашните галички младенци Александар Пендароски и Мартина Михајлова,










