ПОЦ: Пријавена е поставена лажна Дневна паркинг карта, внимавајте
ПОЦ информира дека денес пријавена е поставена лажна Дневна Паркинг Карта (ДПК) при која се злоупотребени дизајнот и логото на ЈП Паркинзи на Општина Центар. На неа стои QR код кој треба да се скенира и да се изврши онлајн уплата за истата, а истиот води кон веб-адреса која нема поврзаност со ЈП ПОЦ и е со цел преку измама да се извлечат парични средства