Дончиќ ја растури Јута – Нов пораз на актуелниот првак Њујорк
Лука Дончиќ одигра спектакуларен натпревар и со 52 поени (осум тројки), ги предводеше Лос Анџелес Лејкерс до победа од 132:123 над Јута Џез. Во исто време, актуелните шампиони, Њујорк Никс запишаа уште еден пораз. Никс загубија од Орландо 111:102. Лука Дончиќ стана првиот играч кој постигна 50 или повеќе поени во еден натпревар оваа сезона во НБА.








