Шоутајм на Јокиќ и Дончиќ во НБА – Србинот со трипл дабл, Словенецот постигна 41 поен
Денвер Нагетс ги победија Минесота Тимбервулвс на гостински терен во саботата навечер со 112:123 (31:29, 29:26, 26:32, 26:36). Српскиот ас Никола Јокиќ, иако еден ден претходно тимот го наведе како „под знак прашалник“ поради „истегнување на левиот зглоб“, забележа нов трипл-дабл – седми во сезоната (од 12 натпревари), 171-ви во лигашкиот дел од НБА










