Дејан Дуковски ќе биде Автор во фокус на јубилејното издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп
Драматургот Дејан Дуковски, еден од најизведуваните македонски драмски автори ќе биде Автор во фокус на 60. јубилеен Македонски театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Фестивалот ќе се одржи од 12 до 19 јуни 2026. Фестивалот ќе му посвети ден на авторот во кој со различни содржини ќе биде потенцирана важноста на Дуковски за македонската









