Голем пожар кај Бејбунар во Охрид, се шири кај куќите
Голем пожар изби вечерва кај Бејбунар во Охрид, кај шумата на 100 метри од бараките во населбата Гоце Делчев. „Пријава за пожар кај магацините на Улица 1-ва Македонска ударна бригада, 33, Охрид , пожарот се шири на кај куќите. Известена е Територијалната ротивпожарна единица Охрид“, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).










