Денес слави роденден нашиот познат музичар, композитор, текстописец и лидер на „Нокаут“.
Никола Перевски-Пере, роден на 24 март 1978 година во Скопје, е фронтмен и креативна душа на познатиот македонски бенд Нокаут. Од најрани години, музиката за него не е само хоби, туку и животен пат кој води до денес. Во 1997 година, со поддршка од Дарко Димитров и познатите музичари Кирил Колемишевски, Ацо Богдановски и Владимир Крстевски‑Франц, Пере


