Ампева апелира работниците од „Артекс“ да не потпишуваат ништо: Известен е трудов инспекторат!
Конфекцијата „Артекс“ се затвора, а вработените денеска се соочиле со спогодбени решенија за престанок на работниот однос, кои им биле врачени на самата капија од фабриката. Револтирани од ваквиот потег, тие одбиле да ги потпишат документите и најавуваат дека ќе останат пред конфекцијата сè додека не им бидат исплатени заостанатите плати и К-15. На


